
Креирајќи врвни парчиња мебел изборот на материјалите кои ги вградуваме е
препуштен на искусен тим. Анализите, тестирањата и досегашните искуства
се пресудни во одбирањето, без разлика дали станува збор за виталните
делови или најситните елементи. Квалитетот на материјалите е секогаш
ист, ВРВЕН!
Нашите модели се комплетно изработено од вистинска
кожа, произведена од најдобрите Италијански кожари. Најквалитетниот
сунгер овозможува повеќе од удобно седење, трајност на формата и
неменување на безвременскиот дизајн!
Конструкцијата на сите модели е изработена со првокласна бука,
внимателно селектирана, впрочем како и се останато!
Креирајќи го нашиот мебел со врвни материјали,
задоволството од финалниот производ е огромно. Меѓутоа, задоволството на
нашите купувачи за нас е непроценливо!